Вида Верде е првиот вегански мини маркет во Скопје. Идејата за отварање на оваа продавница произлегува од фактот што во Македонија има многу мал број на вегански производи по маркетите. Целта е веганите, вегетаријанците и луѓето кои постат да можат да си испазарат што им е потребно од едно место, без да треба да читаат состав и состојки. Во план ни е постојано да го прошируваме асортиманот и воедно да нудиме квалитетни производи. Ги поддржуваме македонските производители и имаме голем број производи од македонско потекло.