Донирање на коса во Македонија

Пред неколку години си донесов едно непишано правило: на секои 4 год. да ја донирам косата. Тогаш кога се решив за прв пат немаше можност во Македонија, па ја донирав во странство. Но оваа година со огромно задоволство можам да кажам дека го сторив тоа преку проект кој доаѓа од нашата земја. 🥰
Автор: 
Yes for Less
Дата: 
October 29, 2023
Време на читање: 
3-5 min

Во мај 2023 објавивме повик за донација на коса од кој добивме навистина голем одзив. До ден денес ни пишуваат луѓе заинтересирани да донираат плетенки од коса и тоа навистина многу нé радува. Па така, би сакале да ви се заблагодариме на сите оние кои веќе дадовте дел од себе со цел да подобрите нечиј друг живот. Со самото тоа, не само што правите хумано дело туку и го намалувате отпадот на коса кој се создава.

Донациите се се уште отворени, потребно е само да поседуваш плетенка од минимум 20см и да ја пополниш формата: https://forms.gle/17uDbyJcAKohKxBh6, а потоа да ја испратиш на адресата која ќе ти се појави веднаш по нејзиното пополнување.

Дел од донациите
Дел од донациите

Yes for Less

Yes for Less e движење започнато од две девојки - Катерина Илијовска и Сара Коцевска, чија главна цел е промовирање на одржлив начин на живот, и со тоа, подигнување на еколошката свест во Македонија.

Предлог блогови за читање

Зелената Арка и Бостание: како градинарството промовира одржливо живеење
Имавме голема чест да разговараме со еден од основачите, Димитар Самарџиев, којшто ни раскажа нешто повеќе за Зелената арка која е граѓанската организација, здружение на граѓани или невладина организација основана во 2007. Исто така ни објасни и за општествената градина Бостание која е резултат од проектот на Зелената арка „Развивање на прва урбана градина во Град Скопје“. Во овој разговор ќе дознаеме повеќе за нивната инспирација, мисија и визија за иднината. Ќе откриеме заедно како започнало се, кои се предизвиците со кои се соочуваат и какви совети имаат за сите нас. Подгответе се за кратко читање и инспирација од нив за создавање на поголеми еколошки навики.

Пишувај за нас!

Имаш знаење на одредена тема поврзана со екологија? Беше на некој интересен еко-настан и сакаш да ги споделиш твоите импресии со другите?
Пријави се
Text Link