Зелени работни места: 25 сведоштва на луѓе кои помагаат за поодржливо општество во Македонија преку нивната професија

Целта на оваа дигитална брошура е да се соберат контакти од луѓе кои се на различни зелени работни позиции со се нивни сведоштва (testimonials) за тоа како се решиле да работат ваква професија, како го нашле работното место, какво образование било потребно за да се стигне до такво работно место и слично.
Автор: 
Yes for Less
Дата: 
November 30, 2024
Време на читање: 
5 min+

Зелените работни места во светски рамки се дефинираат како позиции или работа која активно придонесува за зачувување на животната средина, намалување на негативните влијанија на природата и промовирање на одржливи практики. Овие работни места се дел од секторите што се фокусирани на заштита на природните ресурси, намалување на загадувањето, намалување на отпадот, и промовирање на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Целта на оваа дигитална брошура која е поддржана и финансирана од Град Скопје, е да се соберат контакти од луѓе кои се на различни зелени работни позиции со се нивни сведоштва (testimonials) за тоа како се решиле да работат ваква професија, како го нашле работното место, какво образование било потребно за да се стигне до такво работно место и слично.

Сакаме да им покажеме на младите дека и кај нас може да се биде успешен, исполнет и професионално остварен на работно место кое директно придонесува за унапредување на состојбата на животната средина.

Се обративме до професионалци од најразлични индустрии: претприемачи, инженери за обновливи извори на енергија, дизајнери кои се занимаваат со одржлива мода и дизајн, архитекти, инженери и техничари од преработувачка индустрија, оние кои работат на јавни функции на пр. министерство за животна средина итн.

Погледни ја целата брошура тука.

Yes for Less

Yes for Less e движење започнато од две девојки - Катерина Илијовска и Сара Коцевска, чија главна цел е промовирање на одржлив начин на живот, и со тоа, подигнување на еколошката свест во Македонија.

Предлог блогови за читање

Зелената Арка и Бостание: како градинарството промовира одржливо живеење
Имавме голема чест да разговараме со еден од основачите, Димитар Самарџиев, којшто ни раскажа нешто повеќе за Зелената арка која е граѓанската организација, здружение на граѓани или невладина организација основана во 2007. Исто така ни објасни и за општествената градина Бостание која е резултат од проектот на Зелената арка „Развивање на прва урбана градина во Град Скопје“. Во овој разговор ќе дознаеме повеќе за нивната инспирација, мисија и визија за иднината. Ќе откриеме заедно како започнало се, кои се предизвиците со кои се соочуваат и какви совети имаат за сите нас. Подгответе се за кратко читање и инспирација од нив за создавање на поголеми еколошки навики.

Пишувај за нас!

Имаш знаење на одредена тема поврзана со екологија? Беше на некој интересен еко-настан и сакаш да ги споделиш твоите импресии со другите?
Пријави се
Text Link