Што знаеш за Литванија?

Ана Мариа ни oбјаснува зошто толку е заљубена во Литванија и шумите таму
Автор: 
Дата: 
March 2, 2025
Време на читање: 
3-5 min

Литванија е земја на спротивности. Во есен и зима е многу тмурна, но во пролет, а особено лето- е толку раздвижена и топла што јас се чувствував како да живеам во сосема различни држави низ сезоните. Често студеното време доаѓа рано и брзо-може да се почувствува уште во септември за разлика од кај нас, а и снегот во зима редовно е присутен. Разликата е голема и во тоа што во топлите месеци сонцето зајдува доста касно-во текот на летото тоа е дури 22:30/23:00 . Во овие месеци Литванците излегуваат во своите најсакани шуми за да се рекреираат преку активности како возење велосипед, трчање и кампување, додека во есен излегуваат на истите места за да соберат што повеќе печури за претстојниот студен период. На тема плодови и растенија-Литваниците се големи љубители на свежи и био продукти. Во лето многу сакат да јадат „шалтибаршаи“ -ладна манџа која е составена од цвекло, краставица, кромид, варено јајце, копар и кефир. Ја нарекуваат розева манџа и дури имаат фестивал посветен на неа. Во зима пак, јадат храна со повеќе масти, но воедно со база на многу зеленчуци од кој најчест е компирот. Од него ги прават познатите цепелини од компири, како и палачинки од печени компири. Ваквата храна е се со цел да останат згреани во текот на зимата

А кога ќе им се здосади од ладното време го започнуваат фестивалот „ужгавенес“ кој се случува седум недели пред Велигден и на кој литванците горат една голема дрвена кукла како симбол на изгонување на зимата и повикување на летото. Ова е еден пагански ритуал, сличен на нашиот Вевчански карневал каде што многумина се маскираат за да ја „исплашат“ зимата.

Бидејќи многу од нивните активности и традиции се случуваат околу шумите, Литванците имаат донесено неколку закони за зашитита на шумите.

За да се гради било што околу овие места, потребна е посебна дозвола и документација а, оган може да се пали само на места определени за тоа и само доколку се извести и добие дозвола од шумската патрола. Сите овие нешта придонесуваат за зачувување на шумите кои за возврат го прочистуваат воздухот и го подобруваат целокупното здравје на граѓаните.

Предлог блогови за читање

Зелената Арка и Бостание: како градинарството промовира одржливо живеење
Имавме голема чест да разговараме со еден од основачите, Димитар Самарџиев, којшто ни раскажа нешто повеќе за Зелената арка која е граѓанската организација, здружение на граѓани или невладина организација основана во 2007. Исто така ни објасни и за општествената градина Бостание која е резултат од проектот на Зелената арка „Развивање на прва урбана градина во Град Скопје“. Во овој разговор ќе дознаеме повеќе за нивната инспирација, мисија и визија за иднината. Ќе откриеме заедно како започнало се, кои се предизвиците со кои се соочуваат и какви совети имаат за сите нас. Подгответе се за кратко читање и инспирација од нив за создавање на поголеми еколошки навики.

Пишувај за нас!

Имаш знаење на одредена тема поврзана со екологија? Беше на некој интересен еко-настан и сакаш да ги споделиш твоите импресии со другите?
Пријави се
Text Link