Перцепциите на Скопјани за аерозагадувањето

Како дел од својот магистерски труд во Универзитетот на Лидс, Никола Јовановски спроведе анкетно истражување на кое своето мислење за проблемот со аерозагадувањето го искажаа 438 Скопјани.
Автор: 
Никола Јовановски
Дата: 
December 6, 2024
Време на читање: 
5 min+

Со намалувањето на температурите во Скопје овој ноември, започнa грејната сезона, и со тоа и сезоната на зголемено аеро загадување. Ваквата појава кај Македонската јавност е почувствувана и сметана како хроничен проблем не само помеѓу скопјани, туку и помеѓу жителите на Тетово, Куманово и останати поголеми Македонски градови.

Но како што може да се забалежи, јавниот дискорс за проблемот е воглавно доминантен во дигиталните простори од домашни и меѓународни онлајн медиуми, и помеѓу корисници на социјалните мрежи каде што обични жителите и еко активисти ги изразуваат своите мислења, критики и наоди; коментираат или пак да споделуваат објави од темата се со цел да се зголемуви свеста за обемот на проблемот (Stojcheva et al. 2024, China-CEE INSTITUTE, 2018; UNDP, 2019).

Ова посочува дека владее остуството на систематизиран начин за собирање и анализирање на јавното мнение, со цел снесување правилни заклучоци кои ќе водат до адекватни опшествени и еколошки политики и деловни одлуки за подобрување на Скопската животна околина.

Како теза за мојот Магистерски труд по смерот Општествено истражување при Универзитетот на Лидс, одлчучив да спроведам анкетно истражување меѓу Скопјани за нивните перцепции за истиот хроничен еколошки проблем.

Моето претходно професионално искуство во секторите на истражување на пазар и истражување на јавно мнение ме опремија со знаењето за истражувачки методологии, а постдипломските студии ме доградија како да размислувам критички на самиот проблемот низ призмата на пошироките општествени и економски феномени.

Чувствувам анксиозност заради екстремното аерозагадување, неможност за вечерни прошетки во град заради загадувањето, примораност да остануваш затворен дома со затворени прозори и вклучен прочистувач за воздух. Исто така чекам да заврне дожд/снег или да има ветер па да отворам прозор за проветрување дома.

-испитаник од Аеродром

Со истражувањето се обидов да разберам како се формирани перцепциите и идеите околу загадувањето на Скопскиот воздух, кои се посматраните загадувачи на скопскиот воздух, колкава е свеста за сите здравствени, опшествени и економски последици од високото аерозагадување. Покрај тоа, истите испираници им дадов простор да се изразат околу ефективноста на различните институции и актери кои можат да допринесат до подобрувањетп на квалитетот на воздухот, како и да ја проценат ефективноста на досегашни мерки и на долготрајни предлог решенија.

Оналјн анектата беше достапна на Македонски и Албански јазик, и дистртибуирана преку Facebook и Instagram споделено од YesforLess и еколошките организации и еко-активистички групи како Skopje Smog Alarm, O2 Иницијатива, GoGreen, Зелен Хуман Град и влијателни гласови како Горјан од AirCare, Medusa Platfrom и Студентарија.мк за истражувањето да се достигне поголема јавна видливост. Благодарејќи на нивнoто доближување до еколошки загрижената публика, студијата успеа да анкетира 467 испитаници.

Од целиот примерок на испитаници, мнозинство сметаат дека горењето на отпад, намалувањето на зелените површини и фабричкичите емисии се главните 3 причини за загадувањето на Скопскиот воздух, а според истите - работење на термоцентрали/електрани, Природната Топографија на Скопската Долина и греењето на дрва се фактори што најмалку влијаат на квалитетот на Скопскиот воздухот.

Кога ги прашавме Скопјани на кои начини аеро загадувањето им влијае на нивниот секојдневен живот тие одговорија дека поминуваат помалце време социјализирање со пријателите и семејството во живо.

Додатно, поради загадениот воздух тие рекле дека намалиле со физичиките активности и спротување во зимскиот период, но за среќа поминуваат повеќе време во природа подалеку од градот.

Истите испитаници изразиле голем загриженост за здравјето на нивните блиски семејни членови и дека проблемот на Скопското аеро загадувавње го перцепираат без присуството на вообичаените сензорни симптоми на аеро загадување: мирис на изгорено, видлив смог, сиво небо и ограничен видик.

Од раѓање се до моја 30 година живеев на Водно. Порано кај нас обично бегаа на гости за да дишат чист воздух. Последниве 10 години не можевме ниту ние да го дишеме тој воздух. Не памтам дека кога имало магла не се гледала на соседот куќата иако е драстично огромна. Ова е нешто невидено.

- испитаничка од Ѓорче Петров

Од отворените прашања забележен е тренд на индиректно влијание што аеро загадувањето го има врз менталното здравје на испитаниците, демонстрирано според следниот одговор “Чувствувам анксиозност заради екстремното аерозагадување, неможност за вечерни прошетки во град заради загадувањето, примораност да остануваш затворен дома со затворени прозори и вклучен прочистувач за воздух. Исто така чекам да заврне дожд/снег или да има ветер па да отворам прозор за проветрување дома.“ Истиот коментар сугерира на опшествена беспомошност за спречување на аеро загаденост, и надевајќи се на временските услови како ветер дожд и снег да го расчисти веќе загадениот воздух или за потополи зимски денови за да се пролонгира или намали потребата од греење на домот.

Мнозинство од испитаниците сметаат дека Министерството за Животна Средина и Просторно Планирање е наједакватна инситуција за справување со високот загадување на Скопскиот воздух според - 68.8% од испитаниците, проследено со Советот на Град Скопје - 48.7% и самите скопски општини - 31% додека невладини организации се сметани како најнеадекватни за решавање на овој обемен еколошки проблем - 14.4%.

Испитаниците беа прашувани и за нивниот интерес и проценка за ефективноста на предходните и тековните субвенции што им се понудени како решение за намалување на аеро загадување. Повеќето од нив потикнале висок интерест во изминатите 10 години за достапните субвенци за набавка на велосипед - 47.4%, но само 16% се пријавиле за самата субвенцијата, а 38.2% биле заинтересирани за за субвенцијата за замена на застарен систем на греење греење со Инвертер Клима уред, но само 9.4% се пријавиле во минатите 10 години.

Но 60% од сите испитаници не ги сметаат владините субвениците како правилна мерка за намалување на аеро загадувањето во градот.

Позитивен знак е тоа што има зголемен интерес за пријавање за субвенциите во наредните 5 години од кои најголем интерес бележат субвенциите за: инсталација на соларни панели - 33.2%, набавка на велосипед - 28.6% и за електрично возило - 25.5%.

А самите испитаници процениле дека најефективна субвенција претставувала таа за набавка на сончев колектор - 38.6% и за електрично возило - 30.6%. А како најефективен енергетски извор кој допринесува на намалување на аеро загадувањето на Скопје, ги сметаат Обновливите енергии како Сончева (фотоволтаици) - 29.4% и ветер (ветерници) - 29.1%.

Ова претсавува мал дел од темите што се истражувани во мојот магистерски труд, други теми дискутирани во трудот состојат од дискусии за дистрибуирање на AQI информации кон јавноста и како тоа формира перцепции; социланите, здравственире и економските нееднаквости предизвикани од зголеменото аеро загадување во Македонското опшество и деколонијална критика за увозот на ѓубре за согорува од Западна Европа и други развиени земји и неговата еколошка последица врз Источна Европа и земјите во развој. Единствените ограниувања во моето истражување претставуваше репрезентативноста на примерокот, поради тоа што истражувањето не беше финансиски подржано и испитанците беа контактирани преку социјални мрежи од страна на еко активистички друштва до нивните следбеници - кои претсавуваат сосема мал дел од целата популација на Скопје.

Мои препораки за еко-активисти и други НВО друштва кои се бават со општествени, економски полиња се да се гледа вредност во истражување како концепт на водење на политики и иницјативи базирани на докази и факти, и во иднината да се спроведуваат репрезентативни анкети кои ќе дозволуваат секој поединец од популацијата да има еднаква можност да биде прашуван и чуен за клучните теми што го засегаат Макеоднското општество.

Извори:

 Stojcheva, M., Dedinec, A., Prodanova, J., Sandev, T., Wu, D., Kocarev, L. 2024. Comparative Social Media Analysis on Air Pollution Awareness in Macedonia.

 China-CEE INSTITUTE. 2018. Air Pollution Crisis in Macedonia: Sources, Public Reaction and Policy Responses. Weekly Briefing, Vol. 1, No. 3 (MK), November 2017. [Online]. https://china-cee.eu/2018/02/19/macedonia-social-briefing-air-pollution-crisis-in-macedoniasourcespublic-reaction-and-policy-responses/

 UNDP. 2019. Data contributes to clean air in Skopje. 06 June. Medium. [Online]. https://undp.medium.com/data-contributes-to-clean-air-in-skopje-cac658eb19cd

Никола Јовановски

Никола има диломирано на Економскиот факултет во Скопје при што после 7 години работно искуство во Македонија заминува да се дообразува во полето на Општествени студии и истражувања при Универзитетот на Лидс.

Предлог блогови за читање

Зелената Арка и Бостание: како градинарството промовира одржливо живеење
Имавме голема чест да разговараме со еден од основачите, Димитар Самарџиев, којшто ни раскажа нешто повеќе за Зелената арка која е граѓанската организација, здружение на граѓани или невладина организација основана во 2007. Исто така ни објасни и за општествената градина Бостание која е резултат од проектот на Зелената арка „Развивање на прва урбана градина во Град Скопје“. Во овој разговор ќе дознаеме повеќе за нивната инспирација, мисија и визија за иднината. Ќе откриеме заедно како започнало се, кои се предизвиците со кои се соочуваат и какви совети имаат за сите нас. Подгответе се за кратко читање и инспирација од нив за создавање на поголеми еколошки навики.

Пишувај за нас!

Имаш знаење на одредена тема поврзана со екологија? Беше на некој интересен еко-настан и сакаш да ги споделиш твоите импресии со другите?
Пријави се
Text Link