Yes for Less поткастот за одржливи навики, инспиративни еко приказни и мали зелени бизниси е конечно тука! Идејата за овој проект се роди уште во 2023 година кога забележавме дека популарноста на поткастите се зголемува и во Македонија, и дека речиси нема поткаст од нашето поднебје кој обработува теми поврзани со екологија и заштита на животната средина.
Благодарение на нашиот главен спонзор ПроКредит Банка и поддржувачите Суниленс и Пакомак можеме да ви ги доближиме нашите омилени приказни од личности кои сме ги запознале во претходниве 3 години ткако постоиме и кој нашле свој уникатен начин да даадат придонес за поодржлива иднина.
Сакаш да соработуваш со нас за втората сезона на поткастот?
Контактирај не на yesforlesss@gmail.com или на некој од нашите социјални медиуми.