Проекција и рецензија на документарниот филм ''Герлах, последниот земјоделец''

Полека но сигурно ја губиме врската со храната. Таа се почесто доаѓа од некаде далеку, со двајца, тројца и повеќе играчи во синџирот на снабдување каде секој сака да зграби што поголем дел.
Автор: 
Yes for Less
Дата: 
December 12, 2024
Време на читање: 
1-3 min

Проекција на ГЕРЛАХ, ПОСЛЕДНИОТ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ вечерва од 20:00ч во склоп на Зимски МакеДокс | 2023 | 76’ | реж: Aliona van der Horst, Luuk Bouwman

''Бавен и со предвидлив ритам, но пропратен со неколку неочекувани моменти кои ни даваат прилика да ѕирнеме во комплексноста на еден навидум едноставен свет. Таков е филмот Герлах - последниот земјоделец, но и животите на земјоделците кои можеби за многумина од страна изгледаат монотоно, но во реалноста се испреплетени со многу влијателни случувања од различен карактер - политички и бизнис одлуки, забрзана глобализација, отселување на работната сила од руралните средини и во поново време - сѐ повеќе временски непогоди.

Полека но сигурно ја губиме врската со храната. Таа се почесто доаѓа од некаде далеку, со двајца, тројца и повеќе играчи во синџирот на снабдување каде секој сака да зграби што поголем дел. Филмот ја раскажува приказната за Герлах, еден од последните земјоделци во околината на Амстердам, кој наоѓа желба за живот и радост во староста преку директниот контакт со клиентите кои доаѓаат во неговиот ‘’Рај за компири’’. Но наместо последните години да ги помине во мир и правејќи го она што од секогаш го сакал - одгледувањето на храна, Герлах е принуден да води битка за своето парче земја против сите кои во него гледаат можност за генерирање на уште повеќе профит - преку изгадба на нов бизнис центар, нов пат или пруга, нов ресторан на ланците за брза храна.

''Дали вреди да инвестираме во толку инфраструктура кога истата во голема мера се користи со цел полесно и поефикасно транспортирање на храна и други добра од секаде низ светот, а кои можеме да ги произведеме локално?'' - се прашува тој.

Едноставниот живот на овој јунак кој го гледаме низ повторливите сцени во неговиот скромен дом и полињата со мешани култури, игра улога на една противтежа на светот кој станува се покомплексен и похаотичен. Ова не е само приказна за Герлах. Ова е приказна за сите нас – за губењето на врската со корените, со земјата, и со храната што нѐ одржува живи.''

Вечерва (12.12.2024) во склоп на зимски МакеДокс ќе се прикажува филмот Герлах, последниот земјоделец во Лабораториум од 20:00 часот.

По филмот ќе следи и дебата на тема:

Опасностите што капитализмот ги носи за поединецот и за планетата и за разните форми на отпор што можеме да ги развиваме како директни учесници во потрошувачкото општество.

Овие прашања ќе ги отвори Андријана Папиќ Манчева заедно со Кирил Шентевски, Александар Николовски (Општествена градина - Бостание) и Милица Петрушевска (Зелена република).

Трејлер: https://www.youtube.com/watch?v=dKAg5bUPD6k...

Yes for Less

Yes for Less e движење започнато од две девојки - Катерина Илијовска и Сара Коцевска, чија главна цел е промовирање на одржлив начин на живот, и со тоа, подигнување на еколошката свест во Македонија.

Предлог блогови за читање

Зелената Арка и Бостание: како градинарството промовира одржливо живеење
Имавме голема чест да разговараме со еден од основачите, Димитар Самарџиев, којшто ни раскажа нешто повеќе за Зелената арка која е граѓанската организација, здружение на граѓани или невладина организација основана во 2007. Исто така ни објасни и за општествената градина Бостание која е резултат од проектот на Зелената арка „Развивање на прва урбана градина во Град Скопје“. Во овој разговор ќе дознаеме повеќе за нивната инспирација, мисија и визија за иднината. Ќе откриеме заедно како започнало се, кои се предизвиците со кои се соочуваат и какви совети имаат за сите нас. Подгответе се за кратко читање и инспирација од нив за создавање на поголеми еколошки навики.

Пишувај за нас!

Имаш знаење на одредена тема поврзана со екологија? Беше на некој интересен еко-настан и сакаш да ги споделиш твоите импресии со другите?
Пријави се
Text Link