Си слушнал/а за циркуларна економија, но не знаеш што точно значи во пракса? Сакаш да ја предводиш транзицијата кон циркуларни процеси онаму каде што работиш, или пак само да научиш повеќе на темата?
Оваа работилница за циркуларна економија и системско размислување се фокусира на реални примери кои ни ги пренесува Тамара Илиевска од личните искуства при нејзината работа со светски странски компании. Преку анализирање на успешни случаи, учесниците ќе откријат конкретни стратегии за применување на циркуларната економија во различни индустрии и заедници. Работилницата ќе обезбеди простор за интеракција и споделување на искуства меѓу присутните кои се веќе активни во областа на одржливоста или пак размислуваат да бидат во иднина, со цел да се поттикне креативноста и иновативноста во развивање на нови одржливи модели.
Наменета е за студенти и млади лица кои сакаат да се едуцираат на тема циркуларна економија или имаат аспирации за работа во ова поле во иднина, како и за вработени лица кои сакаат да воведат одржливи практики во компаниите каде што работат. Оваа активност е поддржана и финансиран од град Скопје.
Пријавување на линкот: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeX57_-MNjfDSiSEI0dxnpuVj96ddxlBgYW3KCQqMo_Klb8bA/viewform
Cе гледаме нареден четврток во 18:00ч во МладиХаб, Скопје.