Verdino

Што нудиме?
Вегански прехранбени производи кои се замена за месо и останати продукти од животинско потекло
Најбарани производи/услуги:
Вегански бургер, шницла и пикантни колбаси
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Производите се достапни во сите поголеми маркети во државава - Веро, Рамсторе, Тинекс, Кит Го, Зур, ДИМ, Гранап, Гиго, ВиваФреш, Елида, Тамаро, Миса Хипермаркет, КАМ, Стокомак. Исто така може да се нарачаат преку нашите социјални медиуми и на www.paket.mk
Информации за достава:
/
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Нашата мисија е да понудиме растителна, односно веганска опција на сите прехранбени производи од животинско потекло. Со цел да овозможиме полесна транзиција на сите оние кои сакат да ги намалат или целосно да ги исфрлат производите од животинско потекло. Verdino нуди заменски производи кои се многу слични на изглед и вкус како месните производи. Веруваме дека секој може да ја намали конзумацијата на производи од животинско потекло и со тоа да има свој придонес до подобрување и зачувување на природата, но за возврат треба да има и широк избор на заменски растителни производи без притоа да прави компромис со вкусот и задоволството кое произлегува од храната. Токму затоа го донесовме Verdino и докажавме дека растителната исхрана не бара откажувања од храна, само од начинот на кој таа стигнала до нашата трпеза.

No items found.

Интересен податок

,,
Кога престанав да јадам месо ги поминав сите маркети во потрага по веганска опција. Моментот кога дознав дека такви производи на нашиот пазар не постојат беше најголем мотив да ги најдам и да ги донесам и во нашава земја.

Нашата амбалажа е 95% еко и од биоразградливи материјали.

Производи кои не содржат никакви состојки од животинско потекло. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува било каква грубост над животните, нивно искористување или искористување на нивните производи за храна, облека и друга намена. Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Производи кои не содржат месо, риба, морски плодови и други состојки кои се добиваат со убивање на животни. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува конзумирање на месо и некои други животински производи како на пример салото, од различни причини (етички, еколошки и сл.). Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Веганско
Вегетаријанско