Веган 365 Кујна

Што нудиме?
Веганска храна и пијалаци
Најбарани производи/услуги:
Вегебургер, сникерс, чизбургер
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Во нашиот локал во Скопје на бул. Св. Климент Охридски 1-1/1 (види ја мапата подолу) или нарачки на телефонот 075 58 52 55
Информации за достава:
Ресторанот врши директна достава до купувачот за нарачки преку телефон
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Веган365Кујна е првото етичко 100% веганско бистро за брза храна основано во 2017 г. во Македонија. Mотото на нашиот мал семеен бизнис „Промени ја исхраната, промени го светот!“ е одраз на нашата идеологија како долгогодишни активисти за заштита на животните и животната средина. Веруваме дека ненасилството врз животните и животната средина води до искоренување на насилството меѓу луѓето. Желбата да покажеме дека храната може да биде врвно задоволство за сите сетила без да чини животи ни беше главен мотив да ја основаме Веган365Кујна. Нашите прекраснотии од вегански рецепти се направени од свежи и главно локални состојки, од кои дел се органски. Веруваме во поддршка на мали семејни бизниси и настојуваме да набавуваме намирници од мали локални земјоделци и производители. Заедно можеме да создадеме подобар свет! P.S. Кај нас може да донирате за бездомните животни од Скопје.

No items found.

Интересен податок

,,
Според Веган 365 Кујна, веганската исхрана и начин на живот се едни од најсилните оружја против климатската криза.

Kлиентите ако сакаат имаат можност да ни ја вратат стаклената амбалажа во која продаваме смеса, сосови и свежи сокови на мерење. Ние и во локалот таа амбалажа ја реупотребуваме од суровини што ќе ги набавиме, на пр. купечка тегла со кисели краставички за во бургер - ја вадиме содржината, ја миеме и дезинфицираме теглата и во неа продаваме смеса за бургери.

Веган 365 Кујна ја има добиено етикетата за Општествен придонес бидејќи организира и учествува во хуманитарни акции за социјално загрозени луѓе и за бездомни животни, како и еколошки акции. Освен ова, сите вработени лица се од женски пол.
Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.
Производи кои не содржат никакви состојки од животинско потекло. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува било каква грубост над животните, нивно искористување или искористување на нивните производи за храна, облека и друга намена. Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Придонес кон општеството и животната средина. Бизниси кои донираат дел од својот профит во хуманитарни цели или иницијативи за заштита на животната средина, или пак директно се вклучуваат во такви акции со донирање на производи/услуги или одвојување дел од своето време за да помогнат.
Амбалажата на производите може да се врати до бизнисот за повторна употреба. Реупотребата на амбалажите во нивната првобитна состојба е поеколошка опција од нивното рециклирање бидејќи при процесот на рециклирање некои материјали како пластиката и хартијата го губат квалитетот, а се трошат и други ресурси како енергија, вода и слично.
Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.
Производи кои не содржат месо, риба, морски плодови и други состојки кои се добиваат со убивање на животни. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува конзумирање на месо и некои други животински производи како на пример салото, од различни причини (етички, еколошки и сл.). Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Локално производство
Предводено од жени
Веганско
Општествен придонес
Повратна амбалажа
Рачна изработка
Вегетаријанско