Претпријатието ЕВАЛ ДОО е наменето за обработка на тартуфи и производство нанајразличен тип на производи што содржат тартуф. Тартуф е редок вид на елитна печурка со специфична арома и врвен кулинарски вкус. Во европските и светските региони важи за таканаречено црно злато, токму поради неговатареткост и карактеристична арома. Одлично е тоа што овој производ се наоѓа и на македонското поднебје, а наша особена чест е што можеме токму тартуфот да го донесеме на секоја трпеза кај секој љубител на нови и богати вкусови.
Одгледувајќи и тренирајќи кучиња повеќе години наназад, и откопување и трагање по тартуфите, решивме да го претвориме во наш личен бренд и да го отпочнеме овој фамилијарен бизнис, употребувајќи ја уникатноста на овој производ и пласирајќи ја на нашиот пазар. Производите важат за домашни, бидејќи тартуфот кој што го пласираме доаѓа од македонското поднебје. Комбинацијата на вкусови кои што ги нудиме се специфични, богати, во чекор со високо рангираните европски кујни, а сепак достапни за секој, којшто има желба даго проба несекојдневното задоволство од тартуфот.
Дополнително, тартуфите изобилуваат и со низа хранливи материи. Тартуфот има антибактериски својства, богат е со антиоксиданси, ги убива канцерогените клетки, има антиинфламаторни својства, што ја прави оваа печурка вистински еликсир на здравјето. Останатите производи се повеќе наменети за секој кој би сакал да експериментира со најразлични медитерански, француски, италијански и останати европски вкусови.