Отпадни растителни масла и масти кои се создаваат кога готвиме храна. Тука спаѓаат сите видови на растителни масла како сончогледовото, маслиновото, сусамовото, маслото од тиква, палминото масло, масло од репка, масло од соја, пченкарно масло и други.
Преку еко-хуманитарниот проект „Рециклирај и донирај“ - #рециклирајидонирај, можеш да направиш огромен еколошки и социјален придонес во нашето општество. За да се приклучиш во еколошки свесната заедница која брои над 2.500 граѓани кои редовно собираат отпадно масло и помагаат на социјално загрозени семејства, следи ги следниве чекори:
1. Пополни ја следнава форма со твоето име, презиме и податоци за контакт
2. Тимот на Суниленс ќе те контактира и ќе ти достави пластична кантичка од 3 лит. директно до твојот дом наменета за собирање на отпадните масла кои се создаваат кога готвите
3. Откако ќе ја добиеш својата кантичка, може да почнеш да собираш отпадно масло
4. Кога ќе завршиш со пржење на храната, остави го тавчето најмалку еден час за маслото да се олади. Потоа претури го отпадното масло во садот за собирање. Поради безбедност и заштита од истурање, чувај го садот со отпадно масло на место кое е недостапно за деца и домашни миленичиња
5. Кога ќе го наполниш садот од 3 лит., контактирај го тимот на Суниленс на еко-линијата 070 264 444 да дојде до твојот дом и да ја подигне собраната количина на отпадно масло. Истовремено ќе ти биде доставен нов, чист сад, за да може да продолжиш со собирањето на отпадните масла
6. За секоја собрана количина од 3 лит. отпадно масло, добиваш 0.5 лит. сончогледово масло за јадење Дијамант. Истото може да го задржиш за себе или да го донираш до социјално загрозени семејства преку акцијата „Рециклирај и Донирај”, која Суниленс ја спроведува заедно со ЗГ Љубезност
Секоја количина на отпадно масло собрана преку системот за управување со отпад на Суниленс се користи за добивање на зелено гориво – биодизел према стандардите EN 14214.