Штрк Second Hand

Што нудиме?
Штрк е место каде што детската опрема и облека добиваат втора шанса за љубов, овозможувајќи им на родителите да создадат топли спомени, додека придонесуваат кон одржливоста и мудрата потрошувачка.
Најбарани производи/услуги:
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Oнлајн на нашата веб страна
Информации за достава:
Достава по карго или по договор со лицата кои ги продаваат производите преку платформата
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Штрк е уникатна платформа која го поврзува светот на родителите преку купување и продавање на Second Hand детска опрема и облека. Со фокус на квалитет, одржливост и достапност, Штрк ја олеснува размената на внимателно зачувани артикли кои заслужуваат нов дом и уште едно доживување. Преку оваа платформа, родителите не само што можат да заштедат, туку и да придонесат за еколошка свест, поттикнувајќи одговорна и свесна потрошувачка. На Штрк, секој родител може лесно да објавува и продава, создавајќи заедница која се грижи за иднината на своите деца и планетата.

No items found.

Интересен податок

,,
Е па вака, Штрк го започнавме како едно мало катче каде што сите ние ќе си ги споделуваме "слатките маки" на мајчинството – зашто, ајде реално, кој уште нема маки со спиење и менување пелени? 😂 Инаку, сите наши деца се родени со разлика од по една година, така што на крај излезе дека сите ги носеа истите алишта, како да се договориле. И така ни се роди и идејата за Штрк!

Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Предводено од жени