Природен детергент за алишта

Што нудиме?
Природен детергент за перење алишта без штетни состојки и вештачки бои и мириси
Најбарани производи/услуги:
/
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Онлајн нарачки преку мојот Инстаграм профил
Информации за достава:
Достава по карго, лична достава до купувачот и купувачот може да го подигне производот од мојот дом (Струмица)
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Мојот бизнис се заснова на ширење свест за производите кои ги користиме и нивната штетност, една поинаква перспектива за нашето тело и ум, преку превенција и проактивност за зачувување на здравјето користејќи ги ресурсите од природата. Се залагам за еколошка свест со zero waste 5R методот, минимализам и low tox начин на живот. Нудам поддршка за секој кој сака да направи промена и да превземе радикална одговорност. Поттикнувам храброст смелост и еволуција во живеењето, подобрување на квалитетот на живот и кревање на стандардот на живеење.

Освен природниот детергент за перење алишта, нудам и менторски програм за Low tox дом, како и консултации 1/1 за чистење и организација на домот.

No items found.

Интересен податок

,,
За природниот детергент прв пат го објавив додека бев на одмор, не очекувајќи дека ќе има резултат.

15% попуст на следната нарачка со враќање на стаклената амбалажа на детергентот. Амбалажата може да ја подигнам при достава или купувачот да ја однесе до мојот дом (Струмица)

Амбалажата на производите може да се врати до бизнисот за повторна употреба. Реупотребата на амбалажите во нивната првобитна состојба е поеколошка опција од нивното рециклирање бидејќи при процесот на рециклирање некои материјали како пластиката и хартијата го губат квалитетот, а се трошат и други ресурси како енергија, вода и слично.
Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.
Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.
Производи кои не содржат никакви состојки од животинско потекло. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува било каква грубост над животните, нивно искористување или искористување на нивните производи за храна, облека и друга намена. Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Производи кои не содржат месо, риба, морски плодови и други состојки кои се добиваат со убивање на животни. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува конзумирање на месо и некои други животински производи како на пример салото, од различни причини (етички, еколошки и сл.). Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Повратна амбалажа
Предводено од жени
Локално производство
Рачна изработка
Веганско
Вегетаријанско