Брошеви и привезоци со лик на милениче, па потоа портрети од миленичиња
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Во Струга или онлајн
Информации за достава:
Достава по карго, Купувачот може да го подигне производот од мојот дом/локација на производство
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?
Мини верзии на домашни миленичиња изработени од природна овча волна во вид на мини скулптури, портрети, привезоци и брошевиСекој производ се изработува по фотографии од миленичето и е максимално персонализиран
No items found.
Интересен податок
,,
Бидејки кај нас во Македонија нема да се купи готова волна за филцање и не можев да најдам првиот пат, со маж ми отидовме да бараме во Албанија. Ни посочија да бараме по селата. На крај потрагата нѐ однесе во Пустец, место кое живее буквално како во минатиот век. Жената која имаше волна беше на бачило со овците, ја чекавме речиси до вечерта односно додека дојде време да се врати, нема телефон таму ниту може одма да се симне. Интересно ми беше што овците кога се симнаа сами си се распределија која каде живее по куќите. Како дресирани кучиња. Жената беше толку скромна, толку фина, ми донесе чиста перена волна (тоа е најтешкиот дел, да се исчисти), нѐ покани и дома иако прв пат нѐ гледаше… Такви луѓе како што живеат во такви средини, речиси и да нема. Едноставни, скромни, мирни… Овците им се премили, кучињата исто. Иако целата потрага за волна беше напорна, толку убав крај на ден сум немала. И никогаш немаше да го доживеам тоа ако не се нафатев да научам да филцам 😊
Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.
Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.