Перниче Handmade е мал бизнис кој се фокусира на креирање уникатни рачно изработени перничиња во облик на листови, кои ја спојуваат природата со уметноста на текстилот.
Секое перниче е внимателно изработено, преку рачно шиење и детално обликување. Бидејќи, целта не е само да изгледа убаво, туку и да биде удобно и функционално. „Перниче“ е за луѓе кои сакаат да ја додадат топлината на рачно изработените производи во своите домови или кои бараат уникатен подарок за специјални прилики.