OMMO bike stand / БИРО60б

Што нудиме?
Toрби и додатоци за велосипеди и изработка на држачи за велосипеди
Најбарани производи/услуги:
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Производите се достапни на нашата локација на ул. Орце Николов 146 б, во Скопје, или онлајн
Информации за достава:
Достапни сме на сите социјални мрежи (Instagram, Facebook) и секако телефонски на бројот 070/360-005
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

ОММО bike stand започна од идејата за изработка на дизајнирани држачи за велоспеди, кои тогаш (па и денес) му недостасуваат на нашиот град. Следно нешто беше изработката на дополнителна опрема за велосипеди - торби и други додатоци, изработени од реупотребени материјали (билборди / камионски церади и сл.).Целта на нашата дејност е преку овие производи да се стимулира и унапреди употребата на велосипеди како главно превозно средство во градот, а исто така и да се стимулира  реупотребата на одредени материјали, кои инаку би завршиле како отпадни.

No items found.

Интересен податок

,,

Ја поткреваме свеста за отпадните материјали кои можат да се реупотребат и да станат прозивод кој ќе стимулира еколошки сообраќај.
Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.
Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.
Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Производи кои не содржат никакви состојки од животинско потекло. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува било каква грубост над животните, нивно искористување или искористување на нивните производи за храна, облека и друга намена. Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Производи кои не содржат месо, риба, морски плодови и други состојки кои се добиваат со убивање на животни. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува конзумирање на месо и некои други животински производи како на пример салото, од различни причини (етички, еколошки и сл.). Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Придонес кон општеството и животната средина. Бизниси кои донираат дел од својот профит во хуманитарни цели или иницијативи за заштита на животната средина, или пак директно се вклучуваат во такви акции со донирање на производи/услуги или одвојување дел од своето време за да помогнат.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Предводено од жени
Рачна изработка
Локално производство
Веганско
Вегетаријанско
Општествен придонес