О-Круг

Што нудиме?
Природно есенцијално масло од портокал и освежувачи за простории произведени употребувајќи го циркуларниот модел.
Најбарани производи/услуги:
-
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
На социјалните медиуми или пак онлајн на продавницата на eco-habitat.mk
Информации за достава:
Скопје
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

О-Круг е социјално претпријатие кое се роди како идеја на група млади луѓе уште во 2019 година. Се започна од потребата да најдеме решение за био-отпадот кој го создаваме и кој е должен во голема мера за производство на стакленички гасови. О-Круг и сѐ што е денес е труд од многу програми како RISE патешествието и Балкански Зелени Идеи каде бевме препознаени како регионални победници. Успешно развивме бизнис модел кој во целост е циркуларен - никако не креира отпад - напротив го користи како репроматеријал во производството. Био-отпадот го собираме на точаци од локални кафулиња и ресторани кој го креираат, му даваме нова шанса да служи како клучен ресурс во производство, а био-отпадот кој останува по производството го даваме на друго зелено социјално претпријатие - Мамаоргана за компост Сѐ во нашиот бизнис е биоразградливо и климатски позитивно, од транспортот до пакувањето и секако го промовираме програмот за повратна амбалажа. Се надеваме дека во иднина ќе развиеме што повеќе модели за третман на различни видови на био-отпад и нивно искористување наспроти загадување.

No items found.

Интересен податок

,,
Во овие 2 години од постоењето на О-Круг, имаме заштедено 8,6 кубни тони стакленички гасови кои инаку би биле испуштени во атмосферата. О-Круг има собрано повеќе од 4 тони кори од портокал од 10 кафулиња и ресторани во Скопје. О-Круг е создаден од млади за млади, односно целиот тим е составен од млади под 29 години и создава можности за вработување на млади маргинализирани лица.

Да, за вратена амбалажа се добива 15% попуст и се прави при достава или да се остави на локацијата на производство.

Како социјално претпријатие, придонесуваме со заштеда на CО2 емисии, вработуваме маргинализирани млади како и целосниот профит се реинвестира назад во претпријатието со цел развој и иновација на нови решенија за третман и менаџмент со отпад.
Ниту производите ниту пакувањето не содржат никаков вид на пластика добиена од фосилни горива. Пластичниот отпад и екстракцијата на фосилни горива претставуваат огромни проблеми на денешницата, затоа ние ги поддржуваме бизнисите кои прават напори да користат алтернативни материјали за производство и амбалажа.
Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.
Амбалажата на производите може да се врати до бизнисот за повторна употреба. Реупотребата на амбалажите во нивната првобитна состојба е поеколошка опција од нивното рециклирање бидејќи при процесот на рециклирање некои материјали како пластиката и хартијата го губат квалитетот, а се трошат и други ресурси како енергија, вода и слично.
Органски производи или производи кои содржат состојки од органско потекло. Под органски производи се подразбираат оние кои се произведени без употреба на хемиски пестициди, ѓубрива, хербициди и други хемикалии, или пак без рутинираната употреба на антибиотици и хормони за раст доколку станува збор за добиток. Со оваа вредност сакаме да им го олесниме изборот на купувачите кои се грижат за одржување на своето здравје и здравјето на почвата преку користење нa органски производи.
Придонес кон општеството и животната средина. Бизниси кои донираат дел од својот профит во хуманитарни цели или иницијативи за заштита на животната средина, или пак директно се вклучуваат во такви акции со донирање на производи/услуги или одвојување дел од своето време за да помогнат.
Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Производи кои не содржат месо, риба, морски плодови и други состојки кои се добиваат со убивање на животни. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува конзумирање на месо и некои други животински производи како на пример салото, од различни причини (етички, еколошки и сл.). Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Производи кои не содржат никакви состојки од животинско потекло. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува било каква грубост над животните, нивно искористување или искористување на нивните производи за храна, облека и друга намена. Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Без пластика
Рачна изработка
Повратна амбалажа
Органско
Општествен придонес
Локално производство
Вегетаријанско
Веганско
Предводено од жени