Облека која е добро сочувана и чиста, обувки (добро сочувани),постелнини, ќебиња, пешкири и сл., играчки, ташни, украси и други модни додатоци.
1. Доколку сакаш да донираш облека
Донации може да се остават во контејнерите на Црвен крст кои се поставени на 9 локации на територија на град Скопје, и тоа: пред зградата на Црвен крст на РСМ (бул. Кочо Рацин бр.13), пред ДХО Даре Џамбаз (бул. 11 Октомври 42а), пред ООЦК Карпош, пред ООЦК Чаир, на плоштад Автокоманда, пред општина Кисела Вода, пред Скопје Сити Мол, во комплексот Џевахир и во кругот на бараките на град Скопје.
Донации може да се достават и во:
– Самата продавница Копче од понеделник до петок од 09 до 17 и сабота од 09 до 14 часот,
– Магацин на Црвен крст на град Скопје (во момин поток) од понеделник до петок од 8 до 16 часот.
Важно е сето она кое се донира да биде добро спакувано во ќеса пред да се стави во контејнерот за донација.
Од донираната облека која не може директно да се искористи, се изработуваат производи во пачворк техника кои потоа се донираат или продаваат во продавницата за половна облека. Најчесто се изработуваат постелнини наменети за институции или празнични декорации за домот.
2. Доколку си, или познаваш лице во социјален ризик на кое му треба облека
Преку пунктот за бесплатно делење облека, континуирано, со ваучери за облека се дистрибуира облека на лица во социјален ризик (семејства, лица сместени во згрижувачки семејства и лица сместени во институции).
Ваучери се добиваат по претходно направена процена од страна на стручни лица во Црвен крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст.
3. Работна интеграција на лица од ранливи групи
Сите лица кои доаѓаат кај нас да бараат облека и се работоспособни се стремиме да ги поддржуваме во поттикнување и создавање на работни навики со цел да се вработат и самите да можат да си ја купат облеката. Тоа подразбира придонес кон зајакнување на капацитетите на ранливи групи на население и креирање на работни места кои имаат за цел да овозможат работна интеграција на ранливи групи население. И секако помеѓу сите овие цели се испреплетуваат и солидарноста, хуманост и волонтеризам кои ќе ги промовираме како највисоки човечки вредности.