Еко восочни обвивки

Што нудиме?
Еко восочни обвивки за повеќекратна употреба како алтернатива за пластични и алуминиумски фолии
Најбарани производи/услуги:
Сет од 3 обвивки, обвивка во форма на плико со копче
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Онлајн нарачки преку нашите социјални медиуми (Instagram и Facebook) и на телефонот 071 289 950
Информации за достава:
Лична достава до купувачот во Скопје, подигање на производите од домот на сопственичката и достава по карго низ цела држава
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Еко восочните обвивки кои се изработени од 100-процентен памучен материјал и природен пчелин восок служат како амбалажа која ги заменува пластичните и алуминиумски фолии и може повеќекратно да се употребуваат. Тие се еколошка, практични, со убав дизајн и лесно се одржуваат. Наменети се за чување на храна, особено на овошје, зеленчук, зачински растенија или леб. Обвивките „дишат“ и овозможуваат хранатa да остане подолго свежа, со што се намалува прекумерното фрлање храна. Особено се практични за одржување на свежината на половинки лимон, портокал, јаболко, авокадо, магдонос, целер, морков, кашкавал, леб итн. Обвивките може да се користат и за пакување сендвичи, за покривање садови, за завиткување на цвеќе, предмети и сл. Со топлината на дланките восочните обвивки омекнуваат, лесно се обликуваат според формата на она што се завиткува. Се одржуваат многу лесно, по секоја употреба може да се измијат во млака вода со благ детергент, природно се сушат и одново се подготвени за употреба.

No items found.

Интересен податок

,,
Идејата за креирање на еко восочните обвивки ми дојде откако на подарок добив вакви восочни амбалажи од Нов Зеланд. Тоа ме мотивираше да ги исполнам пензионерските денови со уметност и креативна работа и многу обиди и експерименти да ја усовршам уникатната техника за нивна изработка.

Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.
Ниту производите ниту пакувањето не содржат никаков вид на пластика добиена од фосилни горива. Пластичниот отпад и екстракцијата на фосилни горива претставуваат огромни проблеми на денешницата, затоа ние ги поддржуваме бизнисите кои прават напори да користат алтернативни материјали за производство и амбалажа.
Производи кои не содржат месо, риба, морски плодови и други состојки кои се добиваат со убивање на животни. Начин на исхрана и живот со кој се избегнува конзумирање на месо и некои други животински производи како на пример салото, од различни причини (етички, еколошки и сл.). Затоа сакаме да им помогнеме на поединците во потрага по вакви производи лесно да ги препознаат бизнисите со таква понуда.
Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Предводено од жени
Без пластика
Вегетаријанско
Локално производство
Рачна изработка