Cool bottles Macedonia

Што нудиме?
"Единствени производи од нерѓосувачки челик 18/8, со врвна термичка функционалност и без БПА. Triple Cool™ технологија до 36 часа❄️ и 18 часа🔥"
Најбарани производи/услуги:
Детска колекција 350мл, Coolers 500ml и Tumblers 330ml
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Онлајн на нашата веб страна или во продавницата Технополис во ГТЦ, Скопје
Информации за достава:
Достава по карго, лична достава до купувачот и купувачот може да го подигне производот од канцелариите на продавачот
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Cool Bottles е старт-ап лансиран во 2018 година во Шпанија, а моментално познат ширум светот. Идејата зад овој бренд е револуционирање на термалните шишиња и додатоци од нерѓосувачки челик, претворајќи ги во модни додатоци. Основната цел на овој бренд се заснова на глобалниот проблем на Планетата Земја и огромната потрошувачка на пластика.

Пластичниот отпад ги загадува водите и почвите, создавајќи големи пластични острови низ целата планета Земја, бидејќи примарниот фокус на луѓето е пластиката за еднократна употреба. Ние се стремиме и успеваме да ги замениме пластичните производи со висококвалитетни производи од нерѓосувачки челик со врвна термичка функционалност (36 часа ладно, 18 часа топло во случај на шишиња) преку нашата ексклузивна Triple Cool™ технологија. На овој начин, имаме за цел производите Cool Bottles™ да бидат еквивалент на секојдневните додатоци како часовници, мобилни телефони или очила за сонце.

Со други зборови, ние веруваме дека естетската или модната компонента е фундаментална за промена на животниот стил, а преку нашите колекции и промена на секојдневната рутина, заштита на Планетата Земја. Сами сме одговорни за нашето здравје!

No items found.

Интересен податок

,,
Започнавме да ги носиме производите во Македонија, бидејќи и ние долго време бевме во потрага по квалитетни шишиња за нашите деца, кои не протекуваат и не се умирисуваат.

Ниту производите ниту пакувањето не содржат никаков вид на пластика добиена од фосилни горива. Пластичниот отпад и екстракцијата на фосилни горива претставуваат огромни проблеми на денешницата, затоа ние ги поддржуваме бизнисите кои прават напори да користат алтернативни материјали за производство и амбалажа.
Бизнис предводен од минимум 60% жени. Во нашето општество, а и на глобално ниво, водењето бизнис често се смета како работа на мажите. Затоа сакаме да го урнеме стереотипот дека успешен бизнис може да водат само мажи и да ги истакнеме бизнисите кои се во сопственост и под менаџмент на жени.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Без пластика
Предводено од жени