„Ирина Тошева“ e бренд препознатлив по тоа што излегува од класичното поимање на модата како примарно естетска и навлегува во општественото, етичкото и еколошкото поимање, создавајќи облека која е многу повеќе од чисти линии и следење на трендови. Презентира една/две модни колекции годишно во лимитирани единици, изработува облека по мерка, костимографија за театарски претстави, реклами и спотови. Нуди менторски и консултантски услуги во различни проекти, едуцирајќи идни модни дизајнери како да работат одржливо уште од почетоците. Работата на брендот е заснована на Агендата 2030 на Целите за одржлив развој. Користи еколошки материјали, алтернативи на памукот и материјали со различни сертификати со кои се потврдуваат еколошките, токсиколошките и социјалните критериуми. Склучува партнерства со различни организации, вклучува маргинализирани лица во презентациите и кампањите и обединува креативни дејци и индустрии во изработката на колекциите.