2nd cycle

Што нудиме?
Рачно изработени, креативно дизајнирани лампи, направени исклучиво од отпадни материјали, графики и авторски фотографии
Најбарани производи/услуги:
/
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Онлајн нарачки преку нашите социјални медиуми
Информации за достава:
Достава по карго низ цела држава
Што точно може да селектираш со нас?
Како функционира?

Изработка на столни ламби од рециклиран и реупотребен материјал. Досега имам изработено околу 600 ламби и 150 тегли. Целиот проект е насловен „Вториот круг“, (@2ndcycle) бидејќи фрлените предмети го живеат својот втор живот. Тоа, попрецизно кажано се декоративни предмети од различен вид, кои меѓу другото можат и да светат. Материјалите не ги набавувам, тоа се буквално најдени предмети. Стаклени и пластични шишиња,тегли, вазни,саксии, цевки од правосмукалки, капаци од тенџериња, садови од чинго, федери од каучи, распаднати лустери, плински боци, стари фотоапарати, секакви капаци и капачиња, мрежи за овошје, стара керамика, цедиња, делови од музички инструменти, водоводни цевки, сите делови од велосипед, звучници, стари абажури, инки, делови од машини, решоа, огноотпорни стаклени садови… сè што се наоѓа на таваните, подрумите, отпадите, бувљаците… Предметите кои ги користам ги има насекаде во „неограничен’ број – само треба да се оттргнат од хаосот, и да се вметнат во друг, креативен хаос.

No items found.

Интересен податок

,,
На овој "бизнис" се залепив откако престанав активно да се бавам со креативна фотографија,а во ерата на аналогната фотографија уживав да ги гледам слајдовите голем формат со задна осветленост, а ова што сега го работам е на некој начин тоа.

Локално произведено во границите на Р. Македонија. Производите направени во нашата земја придонесуваат за развојот на локалната економија и потенцијално ја намалуваат количината на емисии од јаглерод диоксид кои би се генерирале при транспортот на увезени производи.
Сите или поголем дел од производите се потполно рачно изработени или пак некој дел од процесот на производство вклучува рачна изработка. Рачно изработените производи имаат посебна душа и уникатност за разлика од оние направени преку индустриски процес, и потребно е повеќе време и труд за нивната изработка.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
Локално производство
Рачна изработка