Пчеларска фарма АЛЧИНОВ е започната во 1878 година во село Конско, Кожуф планина. Денес, работиме номадско пчеларење каде испашата на пчелите е од 50м.н.в. до 1.750м.н.в. во исклучиво еколошки чисти средини, по принципот на органско квалитетно производство. Од пчелни продукти и нус-продукти произведуваме: мед, мед во саќе, прополис, полен, перга, матичен млеч, пчелин отров, креми за дермална употреба, восочни свеќи, сапуни. Во склоп на Пчеларска фарма Алчинов, во јули,2022 год., го отворивме Апи-тераписки центар Ристо Алчинов, со своја апи-комора за инхалација на пчелниот воздух директно од кошниците со пчели. Апи-комората се наоѓа на најстариот наш пчеларник кој датира од 1950 година, помеѓу град Гевгелија и село Мрзенци.