Ормарче е бренд, концепт кој се залага за одржлива мода. Визијата на Ормарче е да ја крене свеста за штетноста на импулсивното купување, брзата мода и неетичките практики што ги предизвикува на планетата (па и на луѓето)..Мисијата на Ормарче е што повеќе луѓе започнат да користат што е можно повеќе одржливи материјали и продукти кои се пријателски настроени кон планетата (природни материјали, без пластика, реупотреба на работи) и.т.н. На инстаграм страната на Ормарче може да видите голем избор на сезонски супер избрани парчиња облека, едукативни видеа за каде можете да најдете second hand продавници, квалитетни продукти и сл. како и актуелни информации за каде има тековни базари. Целта на Ормарче е купувањето од втора рака да го издигне на друго ниво и да ги побие сите стереотипи што доаѓаат од истото :)