За зачувување на здравјето неопходно е самите да се грижиме за него преку избор на храната која ја користиме. Ова за многу кратко време прерасна во една идеја да се отвори место кое што ќе им понуди на потрошувачите избор на здрава храна првенствено додека се на работа, а и после тоа. За сето ова да биде комплетно здраво, мораше да го вметнеме и прашањето кое во тој момент (пролетта 2020) не беше толку актуелно, но години наназад, како и во моментот е особено значајно, а тоа е загадувањето. Заради тоа решивме нашите производи да ги спакуваме во амбалажа која се реупотребува и рециклира.