Green Land Group - отпадни моторни масла

Што нудиме?
Најбарани производи/услуги:
Каде и како може да ги купиш нашите производи/услуги?
Информации за достава:
Што точно може да селектираш со нас?

Грин Ленд Груп е лиценциран колективен постапувач за управување со моторни и отпадни масла, и активно се ангажира во промовирање на одржливи решенија за заштита на животната средина. Отпадните моторни масла и нивното рециклирање играат значајна улога во одржливото управување со ресурсите и поттикнување на принципите на циркуларната економија.

Како функционира?

Грин Ленд Груп започна како визија за иднина во која отпадните моторни масла не се закана за животната средина, туку ресурс што може да се рециклира и повторно да се искористи. За таа цел, спроведуваме директна и непосредна соработка со:

1. Увозници на моторни масла кои ги пуштаат истите во промет

2. Економски оператори кои ги генерираат отпадните моторни масла (сервиси за моторни возила)

3.Транспортни компании кои вршат транспорт на отпадни опасни материи сѐ до краен прифаќач - рециклатор на отпадното масло

сѐ со цел да се исполнат бараните еколошки и одржливи цели кои ќе придонесат до целосна заштита и унапредување на животната средина.

Што се случува со собраното отпадно моторно масло?

Покрај заштитата на животната средина, како наш главен фокус е и правилното третирање на собраното отпадно моторно масло. Со градење на ефикасен систем за собирање на отпадни моторни масла врз база на податоците од веќе увезената и потрошена количина на нашите фирми членки, во договор со нив се обновуваат нивните стари садови за собирање на отпадните моторни масла и се заменуваат со нови, целосно финансирани од наша страна, со специјална непропустлива подлога која не дозволува ниту една капка од ова веќе искористено масло да заврши на подот. Истите се поставени на посебно обележани места во нивните објекти. При пополнување на количината на садовите, лиценцирана транспортната компанија ја подига количината на отпадно моторно масло, кое понатаму е на пат да добие втора шанса во понатамошен процес на рециклирање и добивање на нов производ.

Како може да придонесеш како поединец или бизнис?

Едукацијата на граѓаните како клучен фактор во овој период игра главна улога бидејќи секој оној кој ќе покаже интерес веќе е свесен за потребата од правилно отстранување на отпадните масла.

Поединците можат да придонесат така што ќе едуцираат некој близок кој е во контакт со масла (најчесто автомеханичарски салони или сервиси за коли), а бизнисите (најчесто увозници кои на пазарот пуштаат моторни масла) така што ќе се погрижат веќе искористеното отпадно масло да заврши на правото место.

No items found.

Интересен податок

,,
Рециклирањето на само 2 литри отпадно моторно масло може да создаде доволно енергија за да обезбеди електрична енергија за средно домаќинство за цел ден.

No items found.

Пронајди нè на мапата

Предлог блогови за читање

Стани дел од мрежата на зелени и општествено одговорни бизниси

Имаш свој бизнис од овој тип, или можеби знаеш за некој друг бизнис кој би бил соодветен да го вклучиме?
Приклучи се
No items found.